Сервисни вести

Утрово -2 степени во Битола и 5 см снег

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 13 см, 10 Крушево, 9 Прилеп, 5 Битола, Пожаране, Тополчани, 2 Крива Паланка, Маврово, Ѓуриште, 1 Охрид, Берово, Дебар. Утрово најстудено со -7 Крушево, Маврово, -3 Охрид, Прилеп, Дебар, -2 Крива Паланка, Тетово, Претор, Битола, Берово, 0 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 2 Демир Капија, Дојран, ПОВЕЌЕ…

Продолжен рокот за субвенциите

Подрачното министерство за земјоделие во Битола ги информира земјоделците дека има измени во Уредбата за директни плаќања и рокот за ажурирање на податоците на земјоделските стопанства кој секоја година е до 15 март, оваа година е продолжен до крајот на пријавување на субвенциите. Сите земјоделци кои досега не ги ажурирале своите податоци ќе можат тековно ПОВЕЌЕ…

Измена на возниот ред на релацијата Скопје-Битола-Скопје

Поради донесената одлука со која се ограничува движењето на цела територија на државата од денеска е изменет возниот ред со редуцирање на патничките возови и промена на времето на поаѓање кај некои од нив, информираат од „Железници на Република Македонија”. Прочитај: Од вечерва почнува полицискиот час Ова е изменетиот возен ред на релацијата Скопје – Битола ПОВЕЌЕ…

Облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено ПОВЕЌЕ…

Црвеното топче ги дуплираше добивките во минатото коло на лото

Во минатото коло на играта на среќа Лото 7 при Државна лотарија извлечени беа следниве бројки: 3,7,10,15,28,36,37. Извлечено беше и црвеното топче со што се дуплираат добивките, седумка и шестка немаше, беа извлечени 132 петки со вредност на добивка од по 9.138,63 МКД. Фондот за 7 погодоци порасна и сега изнесува над 23.000.000 денари. Во ПОВЕЌЕ…