Вести

Облачно со врнежи од дожд

Денес времето претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 25 л/м2. Врнежи од снег ќе има само на повисоките планини восеверозападните делови. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, на места собрзина околу 70 км/час. Попладне вдолж Повардарието ќе започне да ПОВЕЌЕ…

Во Битола вчера 23 оздравени пациенти

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство информира дека се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.  Институтот за јавно здравје вчера регистрира 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7,  Штип-12, ПОВЕЌЕ…

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари

Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина. Продолжената одлука на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на ПОВЕЌЕ…

Петта жртва од инцидентите во американскиот конгрес

Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата. Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на ПОВЕЌЕ…

ЕУ купува дополнителни 300 милиони дози вакцина

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лаен, најави дека ЕУ ќе купи дополнителни 300 милиони дози вакцина од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, со што двојно го зголеми бројот на оваа вакцина наменета за ЕУ, но и за нејзините соседи. Фон дер Лаен на прес-конференција во Брисел објави дека 75 милиони дози од оваа вакцина ПОВЕЌЕ…