Вести

Твитер и Фејзбук му ги блокираа профилите на Трамп

Откако социјалната мрежа Твитер ги повлече објавите на Доналд Трамп и му го блокираше профилот во време траење од 12 часа, истото го направи и Фејсбук. Ова следеше по упадот на демонстранти во зградата на американскиот конгрес. Трамп не може да објавува на неговата официјална страница на Фејсбук 24 часа. -Проценивме дека има повреда на ПОВЕЌЕ…

4 лица загинаа во инцидентите околу Конгресот на САД

Во насилните инциденти околу Конгресот на САД смртно настрадаа најмалку четири лица. Една жена загинала откако било пукано во неа, како што соопшти полицијата, но околностите за нејзината смрт не се јасни. Три други лица починале од здравствени компликации. Повредени се 14 полицајци, од кои двајца тешко, а уапсени се 52 лица. Упадот во Конгресот ПОВЕЌЕ…

Поддржувачи на Трамп упаднаа во Конгресот на САД

Демонстранти приврзаници на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот кратко време откако таа беше ставена во карантин. Ваква одлука беше донесена откако тие се судрија со полицијата на протестот против резултатите на неодамнешните претседателски избори. Демонстрантите успеаја да ги пробијат полициските барикади поставени околу Капитол во пресрет на денешната заедничка ПОВЕЌЕ…

ВИДЕО: Снимен моментот на силниот потрес кај Петриња

Силниот земјотрес кој вечерва е регистриран кај Петриња во Хрватска предизвикал оштетувања на дел од објектите, но како што јавуваат хрватските медиуми главно на оние објекти кои беа оштетени од силниот земјтрес кој го погоди овој дел на Хрватска пред крајот на старата година. Засега нема информации за евентуално настрадани лица, а градоначалникот на Петриња ПОВЕЌЕ…

622 нови случаи, од нив 19 во Битола каде има и 48 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-300, Куманово-29,  Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, ПОВЕЌЕ…