ТЕРА

REKLAMA???

Четиригодишно девојче во Битола било нападнато од куче без познат сопственик

Заловено е кучето, што предизвика инцидент во Битола.

Четиригодишно девојче вчера вечер било нападнато од куче, по што веднаш реагирале надлежните служби. Според информациите, станува збор за бездомно куче, без познат сопственик.

За повреденото девојче на Фејсбук помош побара вујкото на девојчето Сафет Бајрамов.

„Ве молам за помош, ако некој го знае бројот на шинтерската служба Битола, денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето, 4 годишно“ напиша на Фејсбук Бајрамов.

Од Прифатилиштето Хачико коешто работи во склоп на Јавното претпријатие „Комуналец“ информираат дека по добиената пријава за каснување, шинтерската служба веднаш излезе на терен и кучето е успешно заловено во напуштен објект во близина на местото на настанот.

„Станува збор за куче-мешавина од кангал, односно напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат. Кучето е транспортирано во прифатилиште, каде ќе биде ставено под ветеринарен надзор и опсервација согласно предвидените процедури. Случајот е пријавен во АХВ и МВР, а надлежните институции ќе постапуваат согласно законските надлежности“ информираат од Хачико.