ТЕРА

REKLAMA???

CHAT GPT ЗА ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПРОТИВ ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА КАКО КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Две различни и неспоиви нешта ги поврзавме во едно – најновата занимација на Битолчани и најстарата занимација на Битолчани по фудбалот: го прашавме чат ги-пи-ти  кој би станал градоначалник на Битола кога кандидати би биле Тони Коњановски, актуелен градоначалник и Габриела Илиевска , актуелната претседателка на Советот.

Чат ГПТ (ChatGPT) е напредна вештачка интелигенција развиена од компанијата OpenAI  и во последо време е најдобра разбигрижа на многу битолчани.  Некои прашуваат за своите соседиу, други за денешната манџа, трети препишуваат лектира – тоа сега се нарекува „пишуваше есеј“.

За луѓето постари од Гугл ( значи родени пред 1998 г) објаснувањето е дека Чат ГИ-ПИ-ТИ е јазилен модел кој користи машинско учење.

За овие постари од Чат (родени по Гугл ама пред 30 ноември 2022 година) „ ChatGPT е „паметен“ виртуелен асистент со кој можеш да разговараш, да поставуваш прашања, да добиваш информации, да пишуваш текстови, преводи, програмирање, идеи за креативно пишување и многу повеќе.“ – вели токму овој извор на информации.

И затоа што по фудбалот, изборите се најважниот спортски настан кај нас, го прашавме овој имагинарниот сезнајко кога на претстојните локални избори кандидати за градоначалник би биле актуелниот градоначалник Тони Коњановски и актуелната претседателка на Совет Габриела Илиевска. Па ни рече:

„Шанси за Коњановски : Солидни но не апсолутни

Шанси за Илиевска: неочекуванео високи ако

  • СДСМ јавно ја поддржи, дури и ако тие се трети
  • Добие масовна поддршка од неопределени, урбани и разочарани гласачи “

А како заклучок имагинарниот сезнајко машина понуди, „Највозбудлив втор круг за „градоначаолникот наспроти граѓанската кандидатка може да заврши многу блиску со можност за изненадување. “

Го потпрашавме уште малку, анализираше уште малку, па излезе со информацијата „нема јавни или релевантни анкетни подтоци кои ги споредуваат овие двајца и дека без вакви податоци секој заклучок е само перцепција базирана на досегашните активности, структура и познатост на кандидатите.