ТЕРА

REKLAMA???

ЧАСОВНИКОТ ПОЧНА ДА ОДБРОЈУВА, РЕАГИРААТ ЧКЕМБАРИТЕ ДО ФК ПЕЛИСТЕР

Часовникот почна да одбројува, опаметете се или спремете се за ригорозни мерки.

Со овие зборови навивачката група Чкембари со соопштение се обрати до раководството на фудбалскиот прволигаш Пелистер, изразувајќи незадоволство од резултатите оваа сезона.
Во реакцијата по ремито на домашен терен против Силекс (0-0), битолските навивачи предупредуваат дека „часовникот почнал да одбројува“ и бараат итни промени, посочувајќи дека моменталниот пласман на екипата води кон испаѓање од лигата и второлигашки статус следната сезона.

Реакцијата доајѓа како последица на континуираните лоши резулати на ФК Пелистер за кои ТЕРА телевизија подолго време алармира и пишува. Последен пат пишувавме на оваа тема на 18 февруари.

„Кога е времето за црвен аларм во клубот?

На три кола пред крајот? На две? Или на едно?

Најавен беше бомбастичен буџет, а добиваме уште побомбастично разочарување како што се ближи крајот на сезоната. Моменталниот пласман на Пелистер води директно кон второлигашки статус следната сезона.

Кога конечно ќе се побара ОДГОВОРНОСТ и ОДГОВОРИ од ОДГОВОРНИТЕ?

Жална е сликата на трибините под Тумбе Кафе, а уште пожално е тоа што се случува на теренот. За каков клуб беше планиран овај стадион? За каква управна структура од тотални анонимуси во фудбалот со 0 фудбалско познавање, чест на исклучоци. Зарем прошлиот гнев не ве поттикна да не носите тренер кој ќе носи сопствени фудбалери за сопствени интереси?

Дали стратегијата на клубот е повторно иста како лани, да чекаме некој друг да се откаже од лигата или да се распадне, па ние да спасуваме кожа?

ДАЛИ ВИЕ НАС НЕ ТЕРАТЕ ДА ГО ИЗВАДИМЕ ЦЕЛИОТ ГНЕВ КОЈ Е НАСОБРАН СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ИСКЛУЧУВАЊЕ.“-стои во соопштението на битолските Чкембари објавено на нивниот профил на социјалните мрежи.