Македонската држава преку министерството за образование и наука по пауза од 15тина години објави конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти и, седум (7) додели на универзитетот Св. Климент Охридски. Претставуваме дел од нив.

Од лабораторијата за млеко и преработка на млеко на Факултетот за Биотехнички науки произлезе проект кој ќе овозможи дигитална и зелена транзиција на фармите, а тоа пак до поголема ефикасност. Проектот COW-TECH e интегрирана научно-технолошка иницијатива, глобално актуелна и насочена кон одржливо производство на млеко и млечни производи и поголема конкурентност на производителите – фармерите, вели деканката и главен истражувач на проектот проф. Д-р Гордана Димитриевска, декан на Факултетот.

„Проектот носи акроним КАУ-ТЕК (COW-TECH) и претставува платформа за мониторинг на крави и производство на функционален млечен производ што ќе биде произведен во нашата лабораторија за млеко и преработки на млеко. Проектот е со времетраење од околу 14 месеци, до крајот на месец октомври 2026 година . Овие средства коишто се наменети за овој проект се во суштина наменети за развој на нов систем за следење на добросостојбата на говедата, набавка на лабораториска опрема односно доопремување на нашите лаборатории во факултетот и секако поттикнување на младите кадри како млади научно-истражувачи профили да можат активно да учествуваат во проектниот тим на нашата институција.“ – вели проф. Димитриевска.
Наместо секојдневно да се оди од грло на грло и да се прегледува секое говедо, преку проектот ќе се развие и имплементира интегрирана паметн ( смарт) платформа преку која ќе се следи добросостојбата на говедата – поединечно. Професорот Борче Макариовски, вонреден професор на овој факутлет е дел од истражувачкиот тим.

„Целокупната опрема се состои од комплетни ИТ алатки, вклучуваме сервер, сензори, антени со коишто во реално време ќе го следиме целокупното движење на говедата коишто се дел од таа фарма . Ќе бидат поставени оглавници, сензори на нивните вратови со коишто во реално време ќе ка следиме нивната добросостојба, односно сите физиолошки промени коишто ќе се случуваат кај нив и ние, како истражувачки тим и фармерот ќе знаеме што всушност се случува и доколку има некои проблеми, брзо би се решавале.“ – објаснува проф. Макариовски.
Сите животни ќе бидат поврзани на систем кој ќе го следи и продуцирањето на млеко од секое од грлата вели проф. Макариовски.

„Ние како факултет, како втора цел на проектот, ќе го евалуираме квалитетот на произведеното млеко од две селектирани групи на говеда коишто ќе се наоѓаат во различни лактација и, од произведеното млеко ќе правиме функционален производ – тоа ќе биде производ со додадена вредност – бело сирење со додадени зачини и потенцирам дека производот ќе се произведува во лабораториите на факултетот. Ќе произведеме производ со додадена вредност којшто ќе има актиоксидативна активност. Бенефит ќе има и Факултетот за биотехнички науки, затоа што таа фарма којашто ќе биде експериментална ќе претстаува огледна фарма на Факултетот кадешто сите студенти од сите циклуси и од други факулето може да ја користат за некои научни истражувања, а со тоа ќе ја зајакнеме пред се врската помеѓу науката, образованието и праксата.“- вели професорот.
Добросостојбата на говедата, производството на функционален производ и квалитетот на млекото се параметрите кои ќе овозможат креирање на статистика – статистички модел што пак ќе овозможи изградба на алатка за предвидување и решавање на проблеми. Податоците кои ќе се собираат ќе може да бидат од корист на сите научни институции, агро-прехранбената индустрија, но најмногу на фармерите кои се крајните корисници кои ќе треба да го имплементираат овој систем. Секако придобивките ќе ги има и факултетот од кадешто ќе произлезат здравите млечни производи и на крај потрошувачите, кои треба до крајот на следната година да добијат нови производи со нови вкусови од палетата на млечните производи.











