ТЕРА

REKLAMA???

Црвена или Крвава Месечина

Вечерва ќе има црвена месечина. Астролозите ја нарекуваат крвава и ја поврзуваат со многу пророштва.

Крвава Месечина се случува за време на целосно затемнување на Месечината – кога Земјата се движи директно помеѓу Сонцето и Месечината. Поголемиот дел од директната сончева светлина е блокиран, а светлината што стигнува до Месечината поминува низ атмосферата на Земјата. Боите со кратка бранова должина се расфрлани, оставајќи црвеникав сјај на површината на Месечината.

Како што започнува  или завршува денот, така жителите на Земјата етапно ја гледаат и живеат под крвавата месечина. Па така во Сиднеј , Австралија 23:02 часот на 3 март, Токио 21:02 часот на 3 март, САД Пацифик: 4:02 часот на 3 март.  Затемнувањето е видливо од големи делови на светот , а најдобрата видливост ќе ја има токму таму во Австралија и Нов Зеланд, Источна Азија, Западни делови на Северна Америка и пацифичкиот регион.  Многу организации прават емитување во живо преку различните телекомуникациски можности.

Но, затемнувањето на месечината или крвавата месечина одредени астролошки организации ориентирани кон пророштва го наведуваат времето на Крвавата месечина како портал кон промена.  Неколку форуми ги поврзуваат шемите за датум/броеви (како 3/3, 3:33 часот наутро) со мистична нумерологија или драматични светски настани. Овие не се засноваат на докази и генерално се сметаат за шпекулативни. А настаните во последниов месец им ја даваат потврдата.

Ова е време на религиозните празници (како Пурим) и  тековните настани во врска со конфликтите околу Иран и досијеата Епштајн се толкуваат како метафизичкиот суд, пресврт во Животот, а се повлекуваат паралели со библиски приказни како избавувањето на Естира – приказната за тоа како сатаната влијаел врз персискиот цар да издаде декрет против Божјиот народ или самиот јудејски празник Пурим што годинава се одбележа на 2 март.

Кога луѓето зборуваат за „знаци на небесата“, затемнувањата често ги опишуваат како времиња на енергетско поместување, завршетоци и почетоци. Па велат дека оваа Крвава Месечина може да биде момент да се ослободите од она што повеќе не ви служи, да се ослободите од старите шеми и да се подготвите за промени. Ова, сепак ненаучно мнение, подразбира отстранување на стариот емоционален багаж кон емоционална јасност, време за ресетирање, на пат кон раст.

Астрономијата објаснува дека Црвената боја доаѓа од свиткувањето на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата – ништо мистично или натприродно. А човечките системи на верување ја поврзуваат црвената месечина со името крвава односно со големи промени во општествата,  војни и катастрофи.

 

 

Фотографии: слика од екран