Не ве прашувам за динамиката на реализација на улицата зад уредот за да не ве ставам во ситуација повторно да се извинувате, бидејќи поминаа два месеци откако се извинивте и рековте дека за најскоро време ќе биде завршена, рече денеска на седница на Советот на општина Битола советникот од ЛДП Димитар Кузмановски обраќајќи се до битолскиот градоначалник.
Тој рече дека нема да праша ниту за Булеварскиот влез кој наликува на пластичарска улица. Наместо тоа побара косење на јавните површини на територијата на општина Битола и прскање за комарци.
Да се прска за комарци и да се коси, побараа од ЛДП











