Имајќи предвид дека цените на горивата растат, предлагам субвенционирање на јавниот превоз во Општината Битола, за да им се олесни животот на битолчани.
„Воедно прашувам која е стратегијата на Општината Битола за олеснување на животот на битолчани, во ситуација кога сите без исклучок ќе ја почувствуваме кризата што следува, а имајќи предвид дека се поскапи и паркингот во градот“ праша координаторот на советничката група на СДСМ Петар Николовски во делот на советничките прашања до градоначалникот на денешната седница на Советот на Општина Битола.












