Во повеќе наврати граѓани реагираат до нашата Редакција дека поголем дел од битолските улици имаат проблем со уличното осветлување. Граѓаните прашуваат зошто се јавуваат проблеми во одржувањето на уличната мрежа, и оттука граѓаните се приморани со телефоните да осветлуваат за да можат безбедно да се движат низ битолските улици? Тие реагираат дека Битола не е само Широк Сокак, туку и влезовите во градот, што треба да остават позитивен впечаток и кај туристите што ја посетуваат Битола.
Ги прашавме граѓаните, дали Битола е доволно осветлен град?
„Не би рекол. Може да биде и подобро осветлен град. Периферниот дел од градот треба да се осветли повеќе“ вели граѓанин.
„Мислам дека треба уште повеќе, оти некои улици е затемнато, одиш по некои потесни сокаци, не знаеш што може да те пресретне“ вели друг.
„Мислам дека е осветлен град. Ние живееме тука кај пазарот, кај Бизнис центарот, сега некои делови во градот што се понастрана, немаме поминато и не знаеме, инаку мислам дека е доволно осветлен градот“ вели анкетиран битолчанец.
„Мислам дека релативно е осветлен град“ вели битолчанка.












