ТЕРА

REKLAMA???

Дали поскапувањето на цените на горивата ги натера битолчани повеќе да пешачат?

Растечките цени на горивата поради конфликтот на Блискиот Исток и финансиското оптоварување за граѓаните, ги принуди дел од битолчани да ги паркираат автомобилите и да користат велосипеди или да се движат пешки за да стигнат до работните места и да ги извршуваат тековните обврски.

Ги прашавме битолчани дали поскапувањето на цените на горивата ги натера повеќе да пешачат?

„Мислам да. Нема да возат. Тој што пешачи, пак ќе пешачи. Тој што не слегува од кола нема да слези и тоа е“ изјави анкетиран граѓанин.

„Тешко ама дај Боже. Нашите луѓе се научени само на кола. И на 100 метри одат со кола.  Јас нон стоп пешачам. Имам 62 години, здравјето ми го одржува пешачењето и убаво се чувствувам“ изјави друг битолчанец.

„Би требало да пешачат, оти навистина, цените како што одат горе, ќе биде многу тешко за семејниот буџет, така што ќе возат точаци, пешки ќе одат, а Битола не е голема, така што може секаде за дваесет минути да се стигни“ вели анкетиран граѓанин.

Неизвесноста на преговорите меѓу САД и Иран ја зголемија цената на нафтата на над 100 долари за барел.
Според најновите информации, за бензин најмалку се плаќа во Босна и Херцеговина, додека пак дизелот е најевтин во Македонија со мала разлика во однос со цените на Црна Гора.