Почитувани,
Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на Здружение атлетски клуб ОЛИМП Битола преку полномошник: Адвокат Маја Ристова од Адвокатска канцеларија “РИСТОВА”,Скопје, со прилог Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со наша објава „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола “ која објава претставува само дел од Нашата истражувачка сторија, која во рамките на новинарската професија, ја обработува како тема Нашиот новинарски тим.Со оглед на фактот дека Здружение атлетски клуб ОЛИМП Битола кое што користи јавни пари добиени на општинските јавни повици а тоа се парите на граѓаните, па истите – граѓаните несомнено е дека имаат право да бидат информирани за тоа како се трошат нивните пари во контиунуитет.
Ние како сериозен медиум, односно телевизиска куќа со регионална концесија, поведени пред се од начелата на транспарентност, објективност и проверка на сите страни на темите од сториите кои ги обработуваме сега и во иднина, без никаков проблем ќе го објавиме изворно и во целост пристигнатото барање од страна на Здружение атлетски клуб ОЛИМП Битола преку полномошник: Адвокат Маја Ристова од Адвокатска канцеларија “РИСТОВА”,Скопје , за да Вие како јавност можете да оцените дали во истото се алудира на евентуални суптилни закани за да повеќе оваа тема не се обработува од Наша страна или пак се дадени одговори со факти и докази, како се трошат Нашите пари од Буџетот на градот Битола.
Секогаш на страната на вистината,
Искрено Ваша ТЕРА Телевизија.
















