ТЕРА

REKLAMA???

ДЕМАНТ ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛУЃЕ КОИ ИМААТ ЖЕЛБА ЗА ТРЧАЊЕ “ТРЧАЈ БЕ” БИТОЛА ДО ТВ ТЕРА

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, до Нашата редакција пристигна е-маил од страна на Од Здружение на луѓе кои имаат желба за трчање „Трчај Бе” Битола преку полн. адвокат Дарко Јанкуловски од Адв. друштво Димитровски Битола, со прилог:

Барање за објавување на демант, исправка и јавно извинување во врска со наша објава „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола која објава претставува само дел од Нашата истражувачка сторија, која во рамките на новинарската професија, ја обработува како тема Нашиот новинарски тим.Со оглед на фактот дека Здружение на луѓе кои имаат желба а трчање „Трчај Бе” кое што користи јавни пари добиени на општинските jавни повици а тоа се парите на граѓаните, па истите – граѓаните несомнено е дека имаат право да бидат информирани за тоа како се трошат нивните пари во контиунуитет.

Ние како сериозен медиум, односно телевизиска куќа со регионална концесија, поведени пред се од начелата на транспарентност, објективност и проверка на сите страни на темите од сториите кои ги обработуваме сега и во иднина, без никаков проблем ќе го објавиме изворно и во целост пристигнатото барање од страна на Здружение на луѓе кои имаат желба за трчање „Трчај Бе” Битола преку полн. адвокат Дарко Јанкуловски од Адв. друштво Димитровски Битола , за да Вие како јавност можете да оцените дали во истото се алудира на евентуални суптилни закани за да повеќе oваа тема не се обработува од Наша страна или пак се дадени одговори со факти и докази, како се трошат Нашите пари од Буџетот на градот Битола.

Секогаш на страната на вистината,

Искрено Ваша ТЕРА Телевизија.