ТЕРА

REKLAMA???

До каде е изградбата на затворениот базен во Битола?

До каде е изградбата на затворениот базен во Битола? Ова прашање до градоначалникот Коњановски го постави советникот на Поинаку, Никола Гагоски, како советничко прашање на денешната седма седница на Советот на Општина Битола.

„Помина точно една година, битолчани не видоа ништо од тој затворен базен. Во Битола има две пливачки школи со преку 200 дечиња кои нижат успеси и медали“ рече советникот на Поинаку, Гагоски.

Градоначалникот во одговорот посочи дека затворениот базен го затекнале во проблематична фаза со раскинат договор со надлежното Министерство.

Таму, моментно се изведуваат активности и од локалната самоуправа инсистирале затворениот базен да се изгради.