ТЕРА

REKLAMA???

Малку инспектори, слаб надзор, дали може да се контролираат градбите во Битола

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на Државниот инспекторат за градежништво. Забележани се серија на слабости заради кои се лоцира несреден градежен сектор во сите градови во државата. Дали последниот битолски пример со градбата на улица Гостивар е мал показател за тоа?

Со директор без мандат, дури ни за вршител на должност, мал број вработени професионалци за кои не се јасни процедурита за пресметка и исплата на плати и со отсуство на 6 месечни извештаи за постапуавње по претставки и предлози и слабост на координаци на институциите при постапување по претставки работи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам – институцијата којашто го контролира спроведувањето на законите во градежништвото и урбанизмот.  Сумирано, утврдените слабости покажуваат структурни проблеми во институцијата што треба да го контролира градежниот сектор. –  вели денеска објавениот извештај на Државниот завод за ревизија.

Ваквите слабости имаат директни последици на локално ниво. Во градови кадешто интензивно се гради, како Битола постјните слабоста во двостепениот систем – Општински па Државен градежен инспекторат, остава простор за никнување на дивоградби, спорни градби, бесправно градење и генерално уривање на целите и начелата на урбанистичкото планирање и уредувањето на просторот.  А  со тоа и отстапување од Генералниот урбанистички план и континуирани трошоци за средување на Деталните урбанистички планови.

Можеби проблемот на жителите и новиот сопствени на улица Гостивар во Битола е показател за слабостите на градежниот инспекциски надзор.

Од моментот на почеток со реконструктивни зафати и спроведена инспекција во ноември лани, до записник од инспекциски надзор изминало време од 100 дена , време во кое се родило нетрпение меѓу соседите. И нетрпеливост и недоверба кон институцијата.  Во записникот што бил издаден по неколку барања и ургенции стои информација којашто  кај жителите на улицата предизвикала и паника, а сопственикот на куќата ја демантира. Во записникот вели „ На самото место се изведува реконстукција и адаптација на постоечкиот станбен објект, за за што при инспекцискиот надзор бевме известени дека истиот ќе се користи како обејкт за привремено сместување за што субјектот потребно е да изврши пренамена. И двете страни имаат своја приказна и свои фотографии. Општината односно општинскиот инспекторат има свој записник, за кој сите имаат замерка. ТЕРА пак побара информација од општината за статусот на објектот, издадените дозволи или предлог барања за пренамена на објектот од станбен во деловен простор.

До прес службата упативме прашања на 6 март и повторно вечра на 11 март. До затворањето на овие вести нема информација со која ќе се намали тензијата кај жителите на улица Гостивар, нема да се чувствуваат незаштитени од општината и државата, а сопоственикот пак нема да смета дека му е нарушен угледот со погрешни информации.

Неофицијално, Битола има само еден градежен инспектор, иако според некои извештаи од пред три години, во систематизацијата на општината се предвидени два. Еден или два – градот расте, логика  е прашањето дали се доволни?

Нема секогаш медиумски извештаи од нивната или неговата (на едниот инспектор)  работа. Но јавноста лани дозна за уривање на три дивоградби, една од нив стара 10 години.  Дозна и за раководител во еден од општинските инспекторати кој бесправно градел. Ги плете приказните за еднаш или повеќепати платените комунални давачки.

Вакви и слични состојби има во целата држава.

Собранието неодамна го усвои предлогот рокот за легализација на дивоградби да биде поместен за пет години – наместо на крајот на овој месец 2026, до март 2031 година. Дотогаш, во обидите за средување на градежиот сегмент на македонското општество, веројатно нема да има многу контроворзни и спорни објекти и, позитивен извештај.