ТЕРА

REKLAMA???

ДЗС: Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од минатата 2025 изнесува 2,14 отсто, а како што информираше ДЗС најголемиот број на слободни работни места се  во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Инаку, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во последниот квартал од 2025 имало 10.615 слободни работни места, додека пополнети биле 484.385 работни места.

Гледајќи по сектори, највисока е стапката во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна- 4,39 проценти, додека најмала е регистрирана во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 отсто.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 отсто, соопшти Државниот Завод за статистика.