ТЕРА

REKLAMA???

Еднократна парична помош за најранливите граѓани, предложи ЛДП на седница на Совет

Советникот на ЛДП Димитар Кузмановски денес на седница на Советот предложи од општинскиот буџет да се издвојат по 10 илјади денари еднократна парична помош за граѓаните од најранливите категории, за да можат како што рече на достоинствен начин да ги прослават претстојните празници.

„Се предлага Советот на Општина Битола да донесе Одлука за доделување на еднократна парична помошво износ од 10 илјади денари  на следните категории на граѓани: социјално ранливи категории, млади брачни парови до 30 години, лица со попреченост и лица со придружба, пензионери со ниски примања и еднородителски семејства. Дополнително, во пресрет на верските празници потребата за поддршка на овие граѓани е уште поизразена, со цел обезбедување на досоинствен услов за живот“ предложи Димитар Кузмановски, советник на ЛДП.

Претседателот на Советот, Бојкоски истакна:

„Општина Битола за оваа категорија на граѓани има одделено 4 милиони денари со носењето на буџетот на Општина Битола и до денес 243 граѓани, имаат добиено еднократна финансиска помош, согласно Правилникот за доделување на социјална помош“ рече Бојан Бојкоски, претседател на Советот на Општина Битола.

Предлогот на Кузмановски не беше прифатен од мнозинството советници. Само 13 советници дадоа поддршка.