Недолично, мизогино и недостојно за спортски настан, и наместо славење на успехот, јавноста сведочи на навреди и говор на омраза. Ова се главно реакциите кои од викендот ги полнат содржините на социјалните мрежи.
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека ќе поднесе соодветни пријави против Миленко Неделковски и актерот Сашо Тасевски поради јавно ширење навреди, понижувања и омраза кон жените.
Јадранка Павловска, претседателka на Форум на жени на СДСМ ја прашавме како се почувствува во моментот кога ја проследи видео-содржината споделена на социјалните мрежи.

Од ЗНАМ, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ се огласија по навредливото извинување на директорот на ФК „Вардар“. Навредите од Миленко Неделковски кон Весна Бендевска и Каролина Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи – стои во нивното соопштение.
Наташа Марковска, претседателка на Унија на Жени, ВМРО-ДПМНЕ во Битола, вели се што досега жените постигнале во државава, којашто во моментов пред светот ја претставува жена, паѓа во вода.

И, според сите досегашни реакции, навредите кои прозвучија, а се базирани на род, покажуваат на остуство на домашно воспитување и елементарна култура.












