Здружението за лидерствио и акција СИЛА одржа конференција со сите кои можат или би можело да можат да понудат решенија за секојдневните проблеми во урбаниот живот, а во релација со климатските промени и промените во општествата генерално.

Здружението за лидерство и акција СИЛА одржа граѓанско климатско собрание-партиципативен пристап за заедничко креирање решенија. Настанот означува почеток на еден нов, иновативен концепт за учество во креирањето политики, што за прв пат се воведува во Битола. Како што објаснува Владимир Китановски, претседател на Здружението за лидерство и акција „Сила“ нивната главна мисија е трансформација на идеите во реален и опиплив импакт за граѓаните.

„Ова собрание претставува репликативен модел на успешното климатско собрание кое пред две години се одржа во Скопје, а целиот проект се реализира со докажана доверба и поддршка од Агим Селами, извршен директор на ЗИП Институтот.“-вели Владимир Китановски од ова здружение.

Интересот меѓу битолчани е исклучително висок, што го потврди и големиот број на пријави од страна на граѓаните за учество во овој процес. На ова перво граѓанско собрание беа приклучени граѓански здруженија како „Геосфера“ и Организацијата на жени Битола, индвидуалци кои припаѓаат на академската заедница во градот, но и актуелни универзитетски професори, како професорот Драган Миновски од Институтот за економски енергетски политики и истражуавње, кој на пристутните им зборуваше за транзицијата во енергетскиот сектор пред која се исправени сите денеска во светот.

„За препораките кои ќе произлезат од ова собрание да не останат само на хартија, од клучна важност е вклучувањето на бизнис екосистемот. Преку соработка со приватниот сектор се планира реализација на јавно-приватни партнерства кои ќе резултираат со проекти од голем калибар.“

„Главниот фокус на овие идни проекти ќе биде насочен кон: Подобрување на квалитетот на воздухот во Битола. Енергетска транзиција преку поголемо искористување на обновливи извори на енергија. Менаџирање со индустриските отпадни текови преку воведување на субвенции на локално или централно ниво, што директно би ја зголемило еколошката и економската ефикасност на компаниите.“

Главната цел на овој проект, како што беше во текот на дискусиите и неколкупати истакнато е создавање јавно добро кое директно ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и ќе изгради долгорочна доверба помеѓу сите чинители во општеството – истакнува Китановски.












