ТЕРА

REKLAMA???

Дали Македонците кои патуваат во Грција ќе бидат изземени од ЕЕС системот во шпиц на сезона

Туристичко-угостителската комора преку допис до грчкото Министерство за туризам побара во летниот период македонските граѓани да бидат изземени од биометриската контрола поради очекувано големиот интерес за патување во Грција во време на летните одмори кој би направил огромен застој на границите.


Вакво барање веќе поднесе Србија, охрабрена од одлуката на грчката Влада во летниот период да ја суспендира биометриската контрола на граѓаните од Велика Британија поради огромниот метеж на границите и аеродромите со цел да го намали времето на чекање за влез во Грција на нивните најбројни туристи.


Новиот европски систем за влез/излез во земји членки на Европската Унија, ЕСС, кој налага биометриско скенирање на секој патник е задолжителен од пред две недели.
Поради ова Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.


Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини, со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но може да има за последица и откажување на аранжмани за летување во Грција.


„Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа, бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период“, посочуваат од Туристичката комора.


Новиот систем ЕЕС, кој стапи на сила на 10 април, предвидува дигитална регистрација со фотографирање и земање отпечаток од прст, што веќе предизвика застои на граничниот премин „Богородица“.