Хотелот „Молика“ сеуште е синоним за незаборавна забава: по денот на вљубените, веќе се бара место повеќе за 8 Март.
Внрежите од дожд ја намалија снежната покривка на Пелистер и Баба планина, но не го намалија интересот на граѓаните за посета на хотелот „Молика“ и одбележување на сезонските празници.
По успешната прослава на Денот на вљубените, кога атмосферата беше исполнета со луѓе, љубов, супер забава и прекрасна гастрономска понуда, сега на рецепцијата се редат телефонските резервации за одбележување на денот на жената – 8 Март.

Од своето формирање пред скоро триесет години , осмомартовските забави се препознатлив знак на овој хотел. Оттука, Молика е традиција која се пренесува, заради добрите спомени, насмеаните лица на сите кои се враќаат на пелистер и во Молика по позитина енергија. Историјата на објектот посочува на докажан квалитет и гостопримство.
Поради својот капацитет Хотел Молика во овој период е често и домаќин на спортисти кои своите кондициони подготовки ги спроведуваат овде.
Во март се очекува и традиционалниот турнир во Турно скијање – спортска скијачка манифестација што е во организација на федерацијата на планински спортови.












