ТЕРА

REKLAMA???

ХУМАНИТАРЕН КОРИДОР ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД СЕВЕРОДОЊЕЦК

Руското Министерство за одбрана соопшти дека им понудило на украинските борци кои се засолнети во хемиската фабрика Азот во градот Северодоњецк во источна Украина, шанса да се предадат денеска.

И градот и централата Азот станаа точки на конфликтот во последниве недели, при што стотици украински цивили и војници се задржани во фабриката под интензивно гранатирање од руските сили кои се обидуваат да го заземат градот, велат локалните власти.

Русија вчера соопшти дека денеска ќе отвори хуманитарен коридор од 05:00 часот по Гринич за да им дозволи на цивилите да си заминат и ги повика украинските борци да „престанат со бесмислениот отпор и да го положат оружјето“.

Уништени се сите мостови над реката Сиверски Донецк што го поврзува Северодоњецк со територијата што ја контролира Украина. Во соопштението со кое се објавува повикот за предавање, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските борци дека ги користат цивилите во фабриката Азот како жив штит.

Москва упати слични обвинувања, отфрлени од Киев, неколку пати откако во февруари испрати свои војници во Украина. Министерството за одбрана соопшти дека го информирало Киев за неговата понуда и ги повика властите да дадат наредба за предавање.