Синоќа, на 64 годишна возраст почина Зоран Маневски, професор по виолина во Музичкото училиште во Битола.
Голем број на ученици своето образование по виолина го стекнале во класата на професорот Маневски.
Тој беше автор на три збирки со композиции за виолина, а во 2006 година Здружението на просветни работници го прогласи за најдобар наставник во средното образование, доделувајќи му ја наградата ,,Св.Кирил и Методиј“ за значајни просветно-педагошки постигања. Наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија во учебната 2006/2007 година, му беше доделена од Здружението на музички и балетски педагози на Република Македонија.
Професорот Маневски ќе остане запаметен и како естраден работник и член на музичката група „Мегдан“ од Битола и групата „Негрос“ од Велес.
Зоран Маневски ќе биде погребан, утре на 31 март во 13 часот во новите горбишта, а посмртните останки ќе бидат изложени во црквата „Св. Димитриј“ во Битола од 10 часот.












