Адвокатурата во Битола доби силна и историска застапеност во највисоките органи на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, откако дури неколку битолски адвокати беа избрани на значајни функции на 71-то Годишно собрание на Комората, одржано на 16 мај 2026 година.
Во конкуренција на 291 избран делегат, на Собранието присуствувале 251 делегат, а изборот на битолските адвокати во повеќе тела на Комората се оценува како еден од најсилните исчекори на битолската адвокатура во последните години.

За членови на Управниот одбор беа избрани битолските адвокати Оливер Илиевски и адвокат Игор Петковски и , со што Битола добива директно учество во креирањето на политиките и идните насоки на македонската адвокатура.
Дополнително, адвокат Кирил Михајлоски бешеизбран за заменик член во Надзорниот одбор, адвокат Драган Благоев за заменик дисциплински обвинител, адвокат Марјан Петровски за заменик член на Дисциплинскиот суд, додека адвокат Јован Лалевски беше избран за заменик член на Жалбениот совет.
Оваа бројна застапеност на адвокати од Битола во најважните тела на Комората многумина ја толкуваат како историски момент за битолската адвокатура и потврда за нејзиниот растечки углед и влијание на национално ниво.
На конститутивната седница на новиот Управен одбор, за претседател беше избран адвокатот Лазо Ѓорѓиевски од Скопје, додека за заменици претседатели беа избрани Дарко Георгиев од Скопје и Хамдије Адеми Тафа од Кичево.












