ТЕРА

REKLAMA???

„Ќерка ти е повредена, потребни се пари за операција“ – измамници ограбија битолчанка

Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода три лица осомничени за измама, при што од жена од Битола одзеле пари и златен накит под изговор за итна операција на нејзината ќерка.
Станува збор за Е.Ј. (46) од Скопје, Д.Т. (48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран, против кои е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“.
Според информациите од МВР, на 9 март 2026 година осомничените, заедно со уште едно лице, ја довеле во заблуда оштетената тврдејќи дека нејзината ќерка има скршена нога и дека е потребна итна операција.
Под притисок и во страв, жената од својот дом им предала околу 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит.
По расчистување на случајот, осомничените се изведени пред надлежните органи, а истрагата продолжува.