Осумдесет и три годишен битолчанец, вчера околу 13 часот во Битолската полиција пријавил дека бил измамен за 10.000 евра. Измамникот му се претставил како лажен лекар и му рекол дека неговата внука паднала по скали, се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција.
„На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Секторот за внатрешни работи Битола.
Инаку, на почетокот на февруари, 76 годишна битолчанка беше измамена за 7.000 евра, од измамник кој и се претставил како лекар и, и кажал дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајка.
Од полицијата во повеќе наврати апелираат до граѓаните на внимателност како превенција од измами, а секој сомнителен повик, да се пријави во најблиската полициска станица.

















