Советниците ќе расправаат и за зголемување на цените на услугите што ги обезбедува културно информативниот центар – КИЦ

Културниот и информативен центар од Битола до советниците доставил барање да им биде одобрена одлуката на Управен одбор за измени и дополнување на Ценовникот на Јавната Општинска Установа Културен и информативен центар – Битола.
КИЦ управува и стопанисува со еден од најпознатите историски објекти во градот – Офицерскиот дом и со киното „Манаки“, а пари добива од општинскиот буџет. Сепак дел од средствата за кои прави обрт на годишно ниво ги стопанисува со изнајмување на просторот и опремата.
Според информациите кои ќе ги разгледуваат советниците, Управниот одбор на КИЦ ја согледал потребата од усогласување и ажурирање на постојниот ценовник нас услугите, согласно пазарните услови.
Лани за користење на салите или платото за фествали, музички и театарски манифестации се наплаќале 15.000 денари за 1 ден.
Годинава, КИЦ ќе наплаќа и 20т% од заработката на организаторите.
Процент од заработката ќе треба да си пресметаат и организаторите на изложби кои ќе изнајмат една од салите – Користење на една од салите за изложби на дела со уметничка вредност во времетраење од 3-7 дена лани било 6.000 денари за 1 ден, годинава на овие пари ќе се пресметаат уште 15% од заработката доколку изложбата била продажна.

Лани користењето на платото за други намени се наплатувало по 20.000 денари за еден ден,
Годинава цената за истата намена е намалена на 15 илјади денари по ден.
Доколку пак организирате манифестација во Кино Манаки , користите сала 1 час ефективно со проекторот за 1 час ефективно за некомерцијални проекции и еден час ефективно за комерцијална проекција, ќе ве чини околу 30.000 денари.
Годинава, според претпоставените пазарни услови КИЦ прецизира и изнајмување на озвучување и осетлување.
Во секој од ценовниците КИЦ има поставено и услов дека „Доколку корисникот има дополнителни барања од техничка природа и специфичен карактер, цената може да се зголеми за 25% до 50%.“












