ТЕРА

REKLAMA???

Kлиничка болница Битола нема ДЕКСА апарат

Aпаратот за мерење на степенот остеопороза во Kлиничка Болница не работи подолго време, а нема ниту реагенси за тестирање на нивото на различни хормони, реагираат граѓани.  Oд Kлиничка Болница  информираат дека реагенси има, а апаратот за ДЕКСА е во процесот на јавна набавка.

Пациентите со остеопороза и сомнежи за системско и прогресивно пореметување на коскениот состав неможе во Битола да добијат навремена дијагноза. Граѓани реагираат дека повеќе од една година ДЕКСА апаратот не работи. Во реакцијата се вели „Апаратот е неисправен и не може да се поправи. За 2026 година, според информациите, нема предвидени средства во буџетот за набавка на нов апарат.“ Реакцијата продолжува со објаснување дека пациентите се принудени да патуваат во Скопје за снимање, да се прилагодуваат на ограничените термини таму и ,  да плаќаат приватно.“

„Ова не е прифатливо!“ – велат, „Пациентите треба да имаат достапност до современа опрема и прецизни дијагностички методи.“

Се обративме во Клиничка Болница денеска пренесувајќи ја оваа реакција. Оттаму не негираат дека апаратот е надвор од функција. Но демантираат дека проблемот постои повеќе од една година. Во одговорот стои дека „ДЕКСА апаратот е надвор од функција од септември 2025 година, беше целосно амортизиран , стар повеќе од 20 години и максимално искористен.“  Потврдуваат дека неможе да се поправи. Велат „Надвор е од сервисна поддршка.“ Но негираат дека нема буџет за набавка на нов, напротив, затоа што е надвор од сервисна поддршка „Веднаш влезе во планот за јавни набавки за 2026 година и како приоритет е веќе во тек постапката за набавка на нов апарат. “

„Во 21 век треба да бидат основно право на пациентите – достапност до превентивни и навремени дијагностики за непречено лекување. “ – продолжуваат граѓаните кои испратија реакција. Нивните искуства вклучуваат патувања и во болницата во Прилеп, кадешто исто така ДЕКСА апаратот бил стар, но редовно се поправал и одржувал.  Патувале и во Ресен. И таму имало стар ДЕКСА апарат кој пак неможе да даде прецизни резултати за натамошно ефикасно лекување.

„Пациентите треба да имаат достапност до современа опрема и прецизни дијагностички методи.“ – велат граѓаните во својата реакција што ја дополнуваат со информацијата дека „во моментот нема реагенси за испитување на женски хормони, хормони на тиреоидната жлезда, PSA и други.“ И за овие лабораториски прегледи пациентите се упатени да бараат дијагноза во приватни лаборатории. „Едно испитување на хормон чини околу 1.000 денари, а нејчесто се потребни 4-5 хормони, што значи дека просечниот трошок е околу 6.000 денари.“ Велат, „ ова не е во ред за пациентите кои редовно плаќаат здравствено осигурување.

Клиничка Болница Битола денеска испрати одговор дека „Моментално сите реагенси за испитување на хормони ги има во болницата.“ Дополнително велат како појаснување на процедурите кои мора да ги следат „Сите набавки се изготвуваат и реализираат согалсно пишаните процедури и позитивните законски прописи.“