Со првите летни температури започна и стариот добро познат проблем, наездата од комарци. Иако надвор е мошне топло,грашаните се жалат дека неможат да ги отворат прозорците ниту да излезат во своите дворови.
Постои Програма за заштита на населението од заразни болести, во коja се вклучени и планираната заштита од комарци и глодари, оперативен план за дезинсекција и дератизација, но еве и ова лето граѓаните се пожалуваат на несаканото друштво кое ем зуе ем подкаснува.

ТЕРА Телевизија денеска испрати прашања до Општина Битола и Центарот за јавно здравје како избран субјект што треба да ја спроведе дезинсекцијата и во оваа 2026 година. Ќе бидат во целост објавени во моментот кога ќе се вратат со одговорите.
Но, брзото интернет истражување за претходните неколку години говори дека дезинсекцијата се спроведувала во месец јуни, кога накотените комарци веќе пораснале и станале доволна угроза.Затоа што науката вели дека постојат два вида дезинсекција кога се работи за комарци – ларвицидна, којашто ги убива малите комарчиња и адултицидна- тие големите кои ако пораснат стануваат вистинска напаст.
А лошото претчуство што се добива од летањето и убодите од комарци е директно врзано со фактот дека тие се вектори, пренесувачи на различни болести. Може да бидат пренесувачи на различни паразити и вируси од заразено лице. Во регионов Маларијата беше проблематична во минатото, кога и Пелагонија беше големо блато и изобилуваше со мочурични парчиња. Но, новиот век дава можност за увезување на болесите што ги пренесуваат комарците од тропските и земјите со помал степен на системска здравствена заштита.

Јавно е познато дека од 2016 година преку транспорт и промената на климатските услови во Македонија стигна нов комарец . Тој не е наш. Туку е азиски тигрест комарец, исклучително напаѓачки настроен, големичок и издржлив. Јајцата ги полага кон крајот на зимата, па неретко може да се види „замрзнат“ во темните ќошеви од живеалиштата во зима. Пренесува преку 20 различни вируси на тропски болести-Денга, Жолта треска, Зика, филарни црвја, се што ќе најде живо на заразени мајмуни и луѓе.
Вториот феномен со кој се соочува независна Македонија е продолжената сезона на комарци во урбаните средини. И во тоа Битола како град не е исклучок. Експертите забележуаваат дека автохтониот Culex комарец го има од доцна пролет до доцна есен. Станал издржлив или пак тримесечното туркање на сите сезони го води до размножување во малите води на урбаната инфраструктура – во неисчистените и застоени канали и шахти.

Науката веќе одамна покажала дека со бројноста на комарците се зголемува ризикот од појава на заразни болести кај луѓето. Покажала и како може луѓето да се борат. Поединечното сплескување на комарецот што зуе на полноќ врз вашето уво, не е решение.












