По неколкугодишно успешно работење како Општински Советодавен Совет, општина Битола конечно ќе го формира Советот за женско претприемништво. За ваквата можеби само административна но истовремено правна нелогичност ТЕРА побара одговор од Општината, но не го доби. Па денеска само потсетување.
Советниците в четврток ќе треба да одлучат дали ќе се формира Совет за женско претприемништво. Овој совет има за цел да ги поттикне и вмрежи жените претприемачи во градов, да настапуваат заеднички, да соработуваат и да чекорат смело напред.

Смело напред овој Совет за женско претприемништво функционира најмалку две години. Членовите се избрани, имаа и промена на претседатели, минатата година се состанаа и извештај за работа поднесоа до Општината. Општината пак – не препознава дека ваков совет постои иако и во претходните две години жениве користеа јавни и свои сопствени пари за настаните што ги организираа и за промоцијата што им ја правеа на сите кои за тоа се обратија во Советот за женско претприемништво.
Ама еве, советниците повторно ќе треба да кренат два прста за да го формираат овој совет.
Денеска не поставивме прашање до Општината што прават со овој советодавен совет. Затоа што, формално-правно посои јасна разлика помеѓу формирање на совет и избор и членови. Тоа се две различни правни дејствија – формирањето е основачки правен акт со кој се создава советодавниот сове како организациско тело. И за тоа е потребно глас од од советниците, кои ќе кренат или нема да кренат два прсти за називот на советот, целта и надлежностите, статут или посебна одлука или пак програма.
Другото поимање на точката на дневен ред е избор на членови. Тоа формално-правно подразбира пополнување со членови на веќе формираното тело со конкретни лица.
Овој совет постои. Има и персонален состав. А се реализира со одлука или решение, некоја српоевдена постапка, јавен повик или предлог од градоначалник, комисија и слично. Без избрани членови советот постои формалнo.
Но од досегашното планирање на точките на дневен ред, советот има избрани членови но нема легално постоење. Оттука и прашањето како членовите работејќи се претставувале како Совет за женско претприемништво кога формално-правно не постојат.

И на четвртатата сдница на Советот беше поставена оваа точка на дневен ред. И тогаш ТЕРА ТВ постави прашања за работата на советодавните совети, колку буџетски пари се трошат на сите совети, дали само најактивните ги трошат предвидените пари а другите се само за маркетинг дека е запазено учеството на граѓаните.
Не добивме соодветни одговори за да ја пренесеме информацијата.












