ТЕРА

REKLAMA???

Улични кучиња сеат страв низ Прилеп, глутница и кај градинката во населбата Вишне

Прилеп има сериозен проблем со кучињата скитници. Глутници кучиња сеат страв низ прилепските улици.

„Замислете дека се враќате приквечер дома, а шест кучиња лежат на самиот влез на зградата, па дури и пред вратата на вашиот стан, а вие треба да поминете покрај нив за да влезете дома. Замислете пак како се чуствува едно дете во истата оваа ситуација.  Оваа слика не пречекува секој ден.“-вели загрижена прилепчанка која ни ги испрати фотографиите од кучињата кои буквално го блокираат влезот лежејќи на скалишниот простор, па дури и во ходникот на станбена зграда во Прилеп.

Децата се плашат да поминат покрај нив.-вели таа, објаснувајќи дека има малолетно дете кое токму поради кучињата не може без страв да се врати дома од училиште.

Но, ова не е изолиран случај. Загрижен прилепчанец ни испрати видео од глутница кучиња веднаш до градинката во прилепската населба Вишне. На снимката може да се забележи дека седум кучиња отспротива градинката со лаење се собираат во близина на зградите веројатно во потрага по храна.

Имало и случаи кога кучињата не секогаш се пријателски настроени, туку со ржење ги пречекуваат и испраќаат минувачите. Дел од случаите завршиле и со каснување, што е пријавено и регистрирано во полициските билтени.

Поради ова граѓаните бараат итни решенија од надлежните, стравувајќи за својата безбедност, а уште повеќе за безбедноста на децата кои во централното градско подрачје и дење и навечер со страв одат или се враќаат од училиште.

Во Прилеп има прифатилиште за кучиња, но за жал досега никој не нашол решение за проблемот со кучињата скитници, кои во големи чопори се движат низ населбите и центарот на градот, предизвикувајќи страв и ризик од каснувања кај граѓаните.