ТЕРА

REKLAMA???

Лани ископана, годинава во чакал, никако до асфалт, улицата „Панде Кајзеро“

Пред речиси една година започна реконструкцијата на улицата „Панде Кајзеро“ во Битола. Денес, наместо нов асфалт, жителите повторно газат по чакал и ризла. И повторно реагираат на бавното одвивање на активностите.

Од очекувањата на граѓаните за брза реконструкција на улицата што започна лани ова време, нема ништо. Како што стојат работите треба да се „среќни“ што нивните реакции улицата да биде доведена до тампон, се реализирала. И така еве цело лето ќе биде. Ако нема калива маса пред нивните домови, има чакал и ризла број 4, ама асфалтирањето не е ниту започнато.

Снимката на ТЕРА , а и фотките на граѓаните што реагираа повторно, покажува дека тротоарите и заштиотните ѕидови на одделни делови се испукани и пропаднати, дека има израстена трева покрај заштитните мрежи на индивидуалните куќи и генерално, дека работите се во застој, пак.

Според проектот којшто започна лани ова време, предвидена беше комплетна реконструкиција на канализациската мрежа, и реконструкција на коловозот. И се во должина од 309 метри. Од лани досега, работите се придвижиле, но динамиката не.

Всушност реакциите на граѓаните се однесува токму на тоа – бавното темпо на работа, прашината во летните денови, калливоста во дождливите денови и отежнат пристап до нивните домови во, видно од приложеното, секое календарско доба.

Жителите на оваа улица, реагирајќи во ТЕРА сега се прашуваат кога ќе дојде време за асфлат на нивната улица ? Затоа што сега имаат сознанија, а брзо нетемелно гуглање потврдува, дека активностите за оваа улица, биле обезбедени преку владиниот повик за капитални инвестиции.