ТЕРА

REKLAMA???

Легализацијата на дивоградбите продолжена до 2031 година

Дивоизградените објекти што се во постапка за легализација, општините ќе имаат можност да ги завршат до март 2031 година.

На денешната собраниска седница мнозинството пратеници ги усвои најновите измени на Законот за постапување со бесправно изградените одбјекти. Законот беше донесен со 67 гласа „за“, пет „против“ и без воздржани.

Со измените се овозможува барањата кои се во постапка, а се однесуваат на изградени објекти без дозвола до 2011 година, да се завршат до овој рок.

Измените беа иницирани од владината коалиција на барање на Општина Битола и на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Иницијативата ја поддржале и повеќе општини, за поднесување барање за измени на Законот, кој важи заклучно со 3 март годинава, по што постапките што се водат пред општините, би запреле по сила на закон.

Во барањето било образложено дека голем дел од постапките не биле завршени поради водење судски спорови поврзани со правата врз изградените објекти, судски постапки поведени во рамките на постапката што се води пред општината, поради наследни, имотно-правни како и други непредвидени околности.

Инаку, во моментов, во општините, во постапка се илјадници незавршени предмети.