Цените на производите и угостителските услуги со почетокот на летната сезона се повеќе растат и ги празнат буџетите на македонските граѓани. Ако досега 10 дневен летен одмор во предсезона – мај/јуни и на крајот – септември/октомври чинеше околу 1000 евра, годинава ќе требаат двапати повеќе.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, „цените на угостителските услуги во Македонија бележат континуиран раст во последните години, со особено силен притисок по пандемијата, енергетската криза и инфлацијата на храната и пијалаците.“
Во 2022 година се забележа двоцифрен раст на цените на услугите заедно со порастот на струхата, горивата, а доминираше порастот на цените на храната. Во 2023 година растот продолжи затоа што инфлацијата продолжи, во 2024 порастот на цените на угостителските услуги според официјалните македонски статистички податоци бил за 5% повеќе од претходната година, а во 2025 уште за 4,5% повеќе од претходната. Оваа, 2026 година Статистика вели, во април цените биле зголемени за 2,8%, а од јануари досега за 3%.
Ова значи дека годинава традиционалниот летен одмор надвор од шпиц сезоната може да чини доволно пари за да помислите дека домашното легенче e „море длабоко“.

Официјалните податоци од Министерствата за економија, до неодамна Агенцијата за туризам и Државниот завод за статистика, говорат дека претворањето на параметрите и индексите – во пари значи дека за едно просечно четиричлено семејство за летување во Охрид или Дојран треба многу повеќе пари отколку пред 3 или 4 години.
Затоа што , 5 дневен семеен одмор , за двајца возрасни и две деца во 2022 година чинел од околу 18.000 до 25.000 денари во Охрид и од 12.000 до 18.000 денари во Дојран. Со избегнување на хотелско скапо сместување, хранење по ресторани – со т.н домат туризам, избегнување на изнајмување лежалки по плажите и пресметување само на пијалаците и горивото да се стигне во Охрид, до лани реалниот трошок изнесувал 32.000 до 50.000 денари, а во Дојран од 22.000 до 34.000 денари. И тоа во месец Мај и почеток на Јуни. Кога на пример Охридското Езеро е камен ладно.

Трендот на поскапување води до проценката дека годинава тоа ќе биде од 35.000 – 55.000 денари во Охрид односно до 40.000 денари во Дојран. За 5 девен одмор за 4 лица. Во 2022 година семејство можеше да руча во ресторан за 1.200 до 1.500 денари и да изнајми апартман за 1,500 до 2.000 денари по ноќ. Во 2025 / 2026 година истата ресторанска сметка надминува и 3.500 денари, а апартманите во Охрид во шпицот стигнуваат и до 6.000 денари.
Дали ова подразбира дека летниот одмор годинава ќе биде луксуз? Просечната плата по Статистика од нешто преку 46.000 денари не е доволна за 5 дневен одмор. А за граѓани со минимални примања – па, одморот е недостапен,
затоа што, годинава не е достапна и достоинствена ниту споредбата дека со истите пари ќе се поминат 5 дена на море, во најблиските Грција или Албанија.

Според актуелните понуди на македонските туристички агенции и туроператори за лето 2026, за едно четиричлено семејство (2 возрасни + 2 деца) петдневен одмор во Грција и Албанија веќе достигнува ниво кое за многу семејства е еднакво на една или повеќе просечни плати. Понудите од Туроператорите засега се апартмански аранжмани во Грција од околи 130 евра по лице, автобуски превоз со дополнителни 60 евра по возрасен и семејни студија за 500 до 900 евра во шпицот во Грција. Во Албанија и годинава Шенгин и Драч се поевтини од грчките дестинации, но Саранда и Ксамил се блиску до Грчките. Агенциите нудат пакет-аранжмани со превоз, ресторанските сметки се 40-80 евра дневно, лежалките – од 10 до 25 евра дневно. Или , за лептокариј, Неи Пори и врахос ви требаат 30.000 до 55,000 денари за сместување и превоз, уште 15.000-28.000 денари за храна и дополнителни трошоци – што значи околу 46.000 до 83.000 денари вкупно за 5 дена – само за вас, свекрвата и двете деца, на пример.

За во Шенѓин, Валона и Саранда ви требат 21.000-43.000 денари за патување и гориво ( иако ова второто засега тешко се проценува), 12.000 до 25.000 денари за храна и останати трошоци, и околу 34.000 – 68.000 денари топтан.
Според математиките на парите и услугите, одморот во мај во Грција може да стигне до 80.000 денари, а Албанија сега е навистина Запад и не е повеќе евтина опција.
Оттука, најдобро е да се остане дома. Ама ни во Битола неможете евтино да поминете.

Ако се земат предвид актуелните цени за сместување, ресторани, кафеани и дневни трошоци во Битола, едно четиричлено семејство (2 возрасни и 2 деца) за 5-дневен одмор во 2026 година би потрошило приближно: 12.000 до 45.000 денари за сместување, 10.000 до 35.000 денари за храна и прошетки ( по Хераклеа, ваму – таму) , а тоа вкупно е сума од 22.000 до 80.000 денари . Според боокинг ком, апартмани во центарот на градот се движат од околу 1.800 до 4.000 денари од ноќ; подобри семејни апартмани и хотели достигнуваат и над 5.000–7.000 денари од ноќ.
Според Весна од продавницата, еден леген, може да се најде за 250 денари, а за 400 денари – ванглата.
фотографии: unsplash












