Битолчанецот Роберт Трампевски деновиве се обрати до ТВ Тера поради својот проблем. Како лице со попреченост вели дека тешко се движи низ градот бидејќи не секаде условите се поволни за движење со количка. Лицата со посебни потреби имаат потреба од санација на коловозите, вели тој.
Се жалат и на недоволен автобуски превоз во летниот период.
Посочуваат дека во Битола е потребно да се отвори Дом за лица со попреченост.
Покрај тоа што се соочуваат со голем број проблеми велат дека убаво би било да можат да поминуваат квалитетно време во меѓусебно дружење и социјални активности, за кои велат дека во моментов изостануваат.
Трампевски се надева дека неговиот повик ќе биде слушнат од надлежните институции со цел барем дел од проблемите со кои се соочуваат да се решат.
Лицата со посебни потреби бараат санација на коловозите












