Денеска во Битола министерот за култура Зоран Љутков направи обикола на неколку национални установи кои работат под негова надлежност. Најпрвин направи увид во рекоснтрукцијата на поранешното кино Партизан, а потоа се пофали со ланските проекти на Завод и Музеј.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во добро организирана посета на градот и националните институции под негова надлежност.
Направи увид во рекнструктивните работи на поранешното кино партизан, ја посети реконструираната Јени Џамија, го посети локалитетот Хераклеја. Го придружуваа пратеници од македонското собрание. Според институциите кои ги прошета – идентични како лани. И годинава не го посети Центарот за култура ниту националната установа библиотеката Климент Охридски. И годинава се фокусира на истите проекти. Се пофали со реконструкцијата на Јени Џамија, музејските поставки посветени на Гоце Делчев и Стив Наумов, реконструкцијата на сувенирницата пред спортската сала во Битола, сите од Завод и Музеј.

Сите овие се проекти кои се реализираа во 2024 и 2025 година, под раководсто на претходниот директор на оваа инстиуција. И според неформални сознанија, во текот на последава година сите проекти се неформално запрени, затоа што не се слуќуваат никакви активности поврзани со нивно финализирање. Таков е и случајот со трајната арехеолошка поставка во Музејот, којашто чека отворање на тендер за витрини.
Министерот денеска во Битола го посети и локалитетот „Хераклеа“, кадешто мозаиците – едни од најпосетените туристички места сеуште се под песокот за конзервација. На новинарско прашање денеска Љутков одговори дека за мозаичната дејност годинава од министерството до Завод и Музеј биле доделени 700 илјади денари.
Првичната намера и најава на денешната посета беше увид во реконструкцијата на поранешното кино Партизан.
Според тоа како се одвиваат адаптивните активности, сеуште е рано да се прашува дали ќе бидат потребни дополнителни средства, а потоа и дали првичниот план Театарот да биде управител ќе остане на сила, колку вработени ќе има и какви програмски активности ќе бидат понудени во староновиот простор.












