ТЕРА

REKLAMA???

Македонија има пораст на дијагностициран аутизам

Денеска, 2 април, во светот се одбележува светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, ден посветен на почитувањето на правата, достоинството и еднаквоста на лицата со аутизам. Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“, со силна порака дека различноста не смее да биде причина за исклучување, туку за поголема прифатеност и вклученост во општеството.

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот официјално се одбележува од 2007 година, кога Обединетите нации го прогласија 2 април за ден посветен на лицата со аутизам. Целта е да се поттикне поголемо разбирање, почитување на човековите права и еднакво учество на аутистичните лица во сите сфери на општеството.

Но, денес пораката оди чекор понатаму. Наместо само свесност, глобалното движење сè повеќе инсистира на прифаќање, почитување и инклузија. Во фокусот се ставаат способностите, придонесот и човечкото достоинство на лицата со аутизам, а не предрасудите и ограничувачките гледишта.

Во Македонија, посред податоците на Институтот за јавно здравје, како и во глобални рамки, се забележува тренд на зголемување на бројот на дијагностицирани случаи. Ова не мора да значи „епидемија“, туку е резултат на подобрените дијагностички методи, поголемата информираност на родителите и зајакнатите капацитети на стручните кадри.

Според достапните податоци од МојТермин и годишните извештаи кои Институтот за јавно здравје ги обработува:  Во последните пет години, бројот на новодијагностицирани деца во Спектарот нааутизам бележи континуиран пораст.Според проценките, во Македонија се регистрирани околу 1.000 до 1.500 деца соофицијална дијагноза (Ф84.0), но се претпоставува дека реалната бројка езначително повисока, со оглед на тоа што многу случаи остануваатнедијагностицирани или се водат под други категории на пречки во развојот.

Најголемиот број новодијагностицирани се во Скопје, каде и пристапот додијагностички центри (како Заводот за ментално здравје „Младост“ и Клиниката задетски болести) е најголем.

Република Македонија сеуште се соочува со потребата од национален регистар кој попрецизно ќе ги следи потребите на овие лица од раното детство, па се до зрелоста.

Според последните податоци на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), се проценува дека 1 на секои 36 деца во САД има дијагноза од спектарот на аутизам, што е значителен пораст во споредба со претходните децении.

 

Во земјите на Европската Унија преваленцата варира, но просекот се движи околу 1 на 100 лица, што значи дека околу 7 милиони луѓе во Европа живеат со аутизам.

Годинашното одбележување се одржува под темата Аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“, како одговор на сè почестите дезинформации и реторика што ја потценува вредноста на животот на лицата со аутизам.