ТЕРА

REKLAMA???

Март – месец за свесност за болестите на бубрезите

Месец март е месец за подигнување на свесноста за бубрежниоте болести. Годинава се одбележува под мотото „Здравје на бубрезите за сите“, а основната порака е подигнување на свеста за тивката прирофа на заболувањата на бубрезите.

 

Светскиот ден на бубрегот е годишна глобална кампања за подигање на свеста што се одржува на вториот четврток од март (12 март 2026 година) за да се истакне важноста на здравјето на бубрезите и да се намали влијанието на заболувањата на бубрезите. Се фокусира на превенција, едукација и рано откривање, бидејќи 1 од 10 луѓе ширум светот живеат со хронична болест на бубрезите.

Подигање на свеста за тивката природа на заболувањата на бубрезите, поттикнување на редовни тестови на крв и урина за лица со ризик (оние со дијабетес, хипертензија или дебелина).

Во Македонија бубрежните болести не се малку, ги има во сите категории како што медицината ги поделува  – ран стадиум, хронична болест, дијализа, трансплантација). Најновите објавени податоци говорат дека околуи 1.600 пациенти се на дијализа во 23 центри во 17 градови во државата и дека околу 160 лица чекаат трансплантација на бубрег. Или спроед податоците на светски познатата Глобал Дијализа Перспектива за Македонија за 2021 година  околу 8-10% од населението има некаква форма на хронична бубрежна болест. Овие бројки укажуваат дека граѓаните или не биле свесни или не биле доволно едуцирани дека кај нив постои некое од бубрежните болести.

Toa што е важно е дека голем број случаи остануваат неоткриени бидејќи болеста долго време нема симптоми, промени во функцијата на уринарниот тракт –  зачестено мокрење со промена на бојата на урината, Отекување-  на нозете, рацете, скочните зглобови, лицето и под очите. 3. Замор и слабост – постои константно чувство на замор во текот на денот. Ако болеста на бубрезите предизвикува анемија, може да патите од чести вртоглавици, Необјаснивата болка во грбот и странично во стомакот можат да бидат симптоми за недијагностицирани болести на бубрезите или бубрежни инфекции. Чешање и иритација на кожата – Осип, иритација и претерано чешање се симптоми кај некои видови боелсти н бубрезите затоа што во организмот се задржуваат тетните материи кои бубрезите треба да ги исфрлат, некогаш пациентите имаат и Непријатен вкус во устата, Мачнина, повраќање и слаб апетит се многу вообичаени симптоми кај оние луѓе кои патат од болест на бубрезите и тоа наутро, што многу лесно , како и другите симптомис, се помешува со други состојби на луѓето.

Навремената и точна дијагностика е клучна во бубрежните заболувања кои, доколку не се третираат соодветно може да доведат до големи последици по целосната здравствена состојба и до потреба за дијализа, што, според пресметка направена за 2021 година измесува 13,000 долари годишно или, 820 – 830 илјади денари годишно по еден пациент.

 

фотографии: unsplash