ТЕРА

REKLAMA???

МОН не се меша во автономијата на универзитетите

МОН не се меша во автономијата на универитетите, но со новиот Закон за високо образование и Законот за обезбедување квалитет во високоот образование се воведуваат принципи кои ги имаат европските земји, како Франција или Германија.  Втората јавна дебата за предлог законот за високо образование се реализираше  во Битола, на факултетот за информатички и комуникациски студии. (ФИКТ)

Министерката  Весна Јанева со работна група во министерството за образование и наука изготвија прогресивен Закон за високо образование и Закон за обезбедување квалитет во високото образование. На Факултетот за информациски и комуникациски технологии при УКЛО се одржа втората дебата, на која се дискутираше за се што како измена или новина е внесено во предлогот.  Министерката, претставници од министерството, ректорската урава, професори и студенти учествуваа на дебатата. Од УКЛО имаат одредени конкретни предлози за поинакви решенија.

„Предлагаме околу докторските студии  едно решение, да се даде грејс период за докторските студии. Нашиот Универзитет има фрапантен скок во бројот на објавени трудови на Web of science; пред четири години сме имале 24 труда, сега имаме 74, имаме најголем скок во Македонија и затао за да ги исполниме условите околу организирање на докторски студии бараме да периодот на броење на тие 500 труда започне од донесувањето на законот , а не уназад. Тоа ни е клучната забелешка, а имаме и неколку поситни забелешки околу H индексот  и.т.н Не се плашиме од она што е најповеќе во во јавноста околу тој совет на универзитетите дека ќе се меша во автономијата. Од она што го прочитавме тој совет ги контролира нашите  финансии, ние не се плашиме и секој секогаш е добредојден да ни ги контролира финансиите бидејќи ги трошиме многу домаќински. “ – реше ректорот проф. Д-р Игор Неделковски.

Дел од досегашните јавни реакции се директно поврзани со научно-истражувачките сознанија кои се објавуваат во докторските, па и магистерските студии, а дел од реакциите се однесуваат на технички грешки на предложените закони, изјави јаневсјка непосредно пред дебатата во Битола. Вели,  МОН не се меша во автономијата на универзитетите.

„Дополнително е реагира, но мислам тоа е балон во кој треба да се сокрие оваа тенденција, да се намали бројот на трудови или да се разговара за нив. Се реагира на некакво мешање на државата во автономијата што апсолутно не е точно , го слушнавте и ректорот, но , такви одредби има и во многу посилни од овие што ние ги бараме како отчетност кон државата и вп други европски држави. Најсилни такви одредби има Франција која има малку поинаков систем од нашиот, ние не го земаме целосно тој, потоа има Германија, Австрија, бројни западно-евриопски земји. Јас апелирам, еве сакам јавноста да знае дека не, ние не се мешаме во студиските програми. Понудуваме модел кој беше општо прифатен , но во студиските програми методологијата, во начинот на комуникација ( сега тоа е веќе најважно со студентите, оти не смее веќе да биде екс-катедра затоа што во цел свет се менува ќе се менува и кај нас ) ние во тоа не се мешаме. Но, во одредени тела, да,  има влаини претставници кои ги имало и според стариот закон, Собранието е оснивач има одредени ингеренции кои ги имало и според стариот закон. Ние само бараме тие тела да профункционираат така како што треба. Ги доуредуваме и велиме , со оглед на тоа дека државата вложува асредства во наука, образование, универзитет, во научно-истражувачки проектим, во инфраструктура, во режија, во платтите на професорите, во ред е партнерски да се договараме и универзитетите да имаат кон државата отчетност. Дополнително нудиме нов модел на финансирање кој универзитетите и го побарааа. Тоа значи дека ако се успешни ќе добијат дополнителни средства, ако се исклучително успешни ќе добијат исклучителни дополнителни средства кои сме ги ставиле во рамка до 15%. Не е точно дефинирано затоа што зависи од буџетот на државата , но јас секогаш велам, едно е повеќе од нула а две се повеќе од едно – и еден, и два и три проценти да бидат универзитетот ќе има некаква придобивка. “ – вели министерката Д-р Весна Јаневска.

Предлозите за законските решенија УКЛО и во писмена форма ќе ги достави до МОН по како резултат на професионална и сериозна анализа. – информираат денеска од ректоратот. Со новиот закон за високо образование државата добива Меритократија – преку показатали за истражувачка продуктивност, Модуларност – за посигурно вработување и академска кариeра, Практична настава – за добра подготовка за пазар на труд,  Интернационализација и поголема видливост и Фокус на стручни студии и усовршување на вештини, е образложението на министерството за законот кој за академијата засега наликува на обид да се средат некои од работите кои се „испуштени“ во нивните редови.