Ален Рустемовски и Филип Кузмановски синоќа се прогласени за најдобри спортисти за 2025 година.
Европскиот првак во бокс Ален Рустемовски e прогласен за најдобар спортист во индивидуални спортови, а капитенот на РК Пелистер, Филип Кузмановски за најдобар спортист во колективни спортови.
Општинскиот Сојуз на спортови на Битола синоќа по 62. пат ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година.
Официјалното прогласување на наградите се одржа во Народниот театар Битола.
Општинскиот Сојуз на спортови избра 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 3 најуспешни екипи во сениорска и најуспешна екипа во младинска конкуренција, како и најдобри млади спортисти до 18 години.
Второто место му припадна на голманот Никола Митревски, третото на Леа Бошевска во кикбокс. Наградени се и Бобан Стаиќ– кошарка, Христијан Илиевски – мото крос, Јовче Даскаловски – велосипедизам, Даниел Зхоу Главевски пинг понг, Марија Димитровска – одбојка, Дарија Крстевска – атлетика и Андреј Јовчевски – фудбал.
Признание за животно дело за спорт е доделено на кошаркарскиот тренер Благој Печалев.
Постхумно беше доделенo посебно признание на семејството на прерано починатиот Зоран Петковски, за неговиот голем придонес во развојот на кошарката, како капитен на КК Пелистер и за неговиот придонес за развој на спортот во Битола како спортски работник.
Во Битола прогласени најдобрите спортисти за 2025 година













