Лажни пораки за сообраќајни казни и блокирани сметки ја таргетираат јавноста ова лето. И од полицијата и од Националниот центар за компјутерски инциденти и од македонските банки секојдневно до корисниците се испраќаат пораки дека има криминална акција на смишинг и фишинг.
„Регистриран е сообраќаен прекршок ( Прекорување на брзина) за вашето возило. Износ на глобала: 920 МКД. “

„Вашата сметка/картичка е привремено блокирана поради безбедносни причини. За да ја одблокирате, потврдете ги вашите податоци на следниот линк “
Ова се два примери од серијата слични пораки што се испраќаат како СМС пораки на телефоните на граѓаните во Макаедонија. А Битола не е исклучена.
Сите кои поседуваат мобилен телефон, порано или подоцна добиваат ваква или слична порака. Летово има нов агресивен бран дигитални измами преку лажни СМС и I Message пораки, велат надлежните за прогон на криминалот.

Измамниците користат софистицирани „смишинг“ (smishing) техники, лажно претставувајќи се во име на Министерството за внатрешни работи (МВР) и системот „Безбеден град“, како и во име на домашните деловни банки.
Лажните пораки може да бидат неписмени како оваа од нашиот пример, но ги има и на македонски литературен јазик , напишани со големо внимание со речникот што го користи полицијата. Па освен што ви ги бара парите, вели и дека ако не платите во дадениот рок ( кој, патем никаде не е спомнат) , ќе се соочите со дополнителни трошоци и правни постапки.
Лажнните порадки во банкарството велат и дека вашата сметка ќе биде исклучена ако не ги дадете своите податоци дека сте направиле трансакција, или едноставната дека се потребни ажурирања на податоците, што е толку реално затоа што банките тоа и го прават.
И за сообрачајните и за банкарските измами приложени се линкови, некои адреси подвлечени со сино, каде треба да кликнете за да ги добиете детаљите за казната или проблемот.
Алармот би требало да ви се вклучи најпрвин кога ќе видите дека пораките доаѓаат од меѓународни и непознати броеви со странски повикувачки кодови, додека линковите во нив води кон лажни страници со продолженија како .biz.id, .my.id или скратени bit.ly адреси.

По зачестените пријави, надлежните институции – Министерството за внатрешни и Националниот центар за одговор на компјутерски инсциденти потврдија дека ваквите пораки немаат допирна точка со државните органи. При тоа, се посочуваат клучните разлики:
-Официјалните известувања од МВР пристигнуваат исклучиво под препознатлива алфанумеричка ознака MVR-SC, а не од обични мобилни броеви.
-Вистинската порака задолжително ги содржи регистарските таблички на конкретното возило, додека измамничките пораки се генерални и не содржат никакви податоци за возилото.
-Официјалните проверки се вршат исклучиво преку државниот домен mvr.gov.mk.

За банкарските измами пак , целта на измамниците е сопствениците на сметките во паника да ги внесат своите кориснички имиња и лозинки или еднократните ОТ кодови. Крајната цел е неовластено да ви повлечат пари од сметката.
И банките во Македонија имаат свои препораки за заштита. Вели:
-Не кликнувајте на линкови испратени преку СМС од непознати и меѓународни броеви.
-Никогаш не внесувајте лични, банкарски или картични податоци на веб-страници до кои сте пристапиле преку СМС-пораки.
-Блокирајте го бројот и веднаш избришете ја сомнителната содржина.
Доколку веќе сте ги споделиле вашите податоци, веднаш контактирајте ја вашата банка за блокирање на картичките и пријавете го случајот во најблиската полициска станица.
Запамтете, ниту една банка или институција не бара лични лозинки или платежни податоци преку СМС-врски.











