Националниот парк Пелистер денес беше домаќин на висока делегација составена од министерот за животна средина и просторно планирање, заменик-министерката, но и амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром.

Поводот е предпромоцијата на новите планински патеки за алтернативен односно екстремен туризам – 16 километарската патека за планински велосипедизам, и 4 километрарската планинарска патека за пешачење. Предизвиците пред кои е исправена планината и луѓето кои се грижат за неа беа клучни во разговорите што денеска се водеа и во Инфо Центарот. Одговорот на климатските промени се најважни за зачувување на екосистемот на Баба и нејзините врвови.
„Поразговаравме и за начинот како треба да делуваме и во иднина креирајќи ги нашите идни планови и немаме дилема околу таа работа дека за одржливо користење на она што го имаме како природно богаство сепак ќе мора да внимаваме да го најдеме тој совршен баланс помеѓу од една страна развој на туризмот, а од друга страна заштита на тоа што е наше непроценливо боагаство. “ вели директорот на НП „Пелистер“ , Иванчо Тошевски.

Се што ќе се презема треба да има мултифункционален карактер, вели Тошевски. Таков е случајот со изградената печаќка патека којашто нема да служи само за прошетка на љљубителите на планината, туку и за ренџерската служба и за брзо минување од страна на противпожарните служби, доколку се јави таква птореба.
Македонските национални паркови се природното богаство, заштитени со закон и посебни мерки. Моликата како стара госпоѓа на која и е потребно поголемо внимане е во фокусот на Министерството за животна средина и просторно планирање, вели министерот Муамет Хоџа.

„Во фокусот на денешата посета на НП „Пелистер“ е моликата. Овој ендемски вид е симбол на Пелистер и уникатен екосистем. Ја поздравуваме иницијативата на јавната установа НП „Пелистер“ за конкретни мерки и современи пристап за заштита и обновување на шумите од моликата. Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветена кон зајакнување на системот за заштита на природата Годинава планираме дополнителна поддршка за националниот парк, конкретно , ќе инвестираме во совреме објект за зајакнување на капацитетите за рана детекција и следење на шумски пожари . Исто така, ќе продолжиме да работиме и на долгорочна заштита на овие вредни природни ресурси за сегашните и идните генерации. “ – рече пред медиумите министерот.
За амбасадрот на Шведска во Македонија. Ола Солстром, директната комуникација со партнерските организации е најдобриот момент од неговиот мандат како претставник на Кралството.

„Шведска ги разбира предизвиците од климатските промени, всушност овде е пведската развојна поддршка се фокусира на разни области во сферата на одржливоста и на екологијата вклучувајќи управување со отпад, киматски промени, загадување на воздух и економски развој. И сега, пред се, сум среќен што може да пропешачиме. “

Промоцијата на патеките кои денеска им беа претставени на шведскиот амбасадор и високата делегациа на министерството својата официјална промоција ќе ја имаат в сабота на 13 јуни. „Протокол Мираж“ започнува оф 13.00 часот на Ротинско езеро од каде ќе се поаѓа на велосипедската патека, а во 14 часот од Цапари ќе започне првото пешачење до Лоша Стена.
Организаторите обезбедуваат бесплатен превоз од Битола до с.Цапари, а вие се што треба да направите е навремено да го резервирате вашето место на телефонот 075 / 526 – 028 .













