ТЕРА

REKLAMA???

Одговорноста за базенот сега е на Општина Битола

За тоа до каде се работите поврзани со затворениот базен во Битола, зошто има застој, до која фаза е реализацијата на проектот и кога може да се очекува надминување на проблемот и завршување на се за да може базенот да функционира, денеска прашавме во Министерството за спорт. Оттаму ни го дадоа следниот одговор:

„Градежните работи за затворениот базен во Битола, кои се во надлежност на Министерството за спорт, се целосно завршени. Проектот е реализиран од страна на изведувачот согласно договорните обврски.

Согласно договорот и распределбата на надлежности, обврска на Министерството за спорт беше изградбата на објектот, односно реализација на градежниот дел од базенот, што е целосно завршено.

Во следната фаза, согласно проектната документација, потребно е да се обезбедат приклучоци за вода, електрична енергија и канализација, како и партерно уредување на просторот околу објектот, обврски кои се во надлежност на Општина Битола. Овие активности сè уште не се целосно реализирани.

По нивното завршување и комплетирањето на сите технички и формално-правни постапки ќе се создадат услови базенот да биде ставен во функција. За детални информации во врска со текот на овие активности може да се обратите и до надзорот на објектот, кој е ангажиран од страна на Општина Битола.“