Опасност демне во градскиот парк. Вчера доцна попладне група деца копајќи во тревнатиот дел веднаш спроти стазата за скирол откриле неексплодирани гранати. Институциите веднаш презеле мерки за нивно отстранување, но денеска во паркот нема никакво предупредување.

Група деца кои сакале да си направат скокче за игра со велосипеди откриле три гранати во градскиот парк во Битола. За малку ја избегнале трагедијата.
Децата носеле лопатче за да направат скокче за велосипеди. Најпрвин се забавувале , извлекле една од гранатите, а потоа ги опоменал некој возрасен битолчанец.

Од СВР Битола го потврдуваат настанот, реагирале по пријава на граѓани и го оградиле местото, шријавиле во Дирекцијата за заштита и спасување. Информираат дека кај нив во неделата вбо 15.30 часот било пријавено дека во градскиот парк се пронајдени три артилериски гранати.
Од ДЗС денеска информираат дека во 20.00часот од паркот подигнале три артилериски гранати од 75мм.

Велат дополнително со метал детектор ќе направат проверка на целиот парк. Но апелираат, најпрвин никој да не се обудува да копа со лопатчиња во просторот, а потоа, доколку забележат дека има експлозивни средства, да не ги гибаат, да не удираат врз нив со камења или друг материјал, да не се обидуваат да ги поместат. Веднаш да пријават во СВР, кај првиот полицаец што ќе го сретнат или пак во Дирекцијата за заштита и спасување.












