На осомничениот за убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца Основениот суд Битола му определи мерка притвор и тој се наоѓа во КПУ Затвор Битола во притворското одделение.
Дали убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца било планирано или се работи за злосторство што случило во наплив на емоции ќе треба да утврди истрагата што ја отвори Основното јавно обвинителство во Битола.
Основното јавно обвинителство во Битола отвори истражна постапка против 33-годишен битолчанец кој е осомничен за тешко кривично дело – убиство при вршење семејно насилство. И, според информациите од Обвинителството осомничениот маж чекал момент кога таткото на жртвата не бил дома, по што влегол во куќата кадешто сега покојната Ајнет била со нивните заеднички деца, сопственост на нејзиниот татко.„ Жената во тој момент спиела, а според првичните сознанија, осомничениот ѝ нанел десетина убоди со нож по телото. Повредите биле фатални и таа починала на лице место.“

Обвинителството веќе до судија на претходна постапка на Основен суд Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, со образложение дека постои опасност од негово бегство. Напишани се и наредби до криминалистичка полиција – веќе се подигнати траги и материјални докази, до судска медицина за обдукција, а според одредбите во Законот за кривична постапка, Обвинителството треба да најде и да ги распита потенцијалните сцедоци кои слушнале или виделе нешто што може да ги појасне сите работи.
Според Законот за кривична постапка, обвинителството има рок од три до шест месеци да ја заврши истрагата. По прибирањето на доказите, тие ќе треба да бидат доставени и до одбраната, по што ќе следи одлука дали ќе биде поднесено обвинение.












