ТЕРА

REKLAMA???

Граѓански активист од Битола предупредува на пад на професионалните стандарди во медиумите

Во време кога јавноста се почесто предупредува на пад на професионалните стандарди во медиумите битолскиот граѓански активист Петар Котевски отвора прашање за одговорноста токму на оние што треба да бидат нивни најголеми заштитници. Според него дел од новинарите, вклучително и оние кои имаат значајни позиции во професионалните организации не ги почитуваат стандардите што сами треба да ги промовираат. Тоа вели Котевски е системски проблем од кој најмногу страда јавниот интерес. Повеќе на оваа тема од разговорот со него. 

Пред емитувањето на овој разговор, ТЕРА телевизија се обиде да стапи во контакт и со засегнатата страна – новинарката која се споменува во разговорот – со цел да ѝ овозможи право на одговор и да го слушне нејзиниот став. До моментот на емитувањето на прилогот, не успеавме да воспоставиме контакт.
 
Истовремено, ТЕРА телевизија во наредниот период ќе иницира серија институционални постапки и професионални иницијативи во рамките на новинарската фела. Нашата цел не е продлабочување на конфликтите, туку отворање на дебата за почитувањето на новинарските стандарди, професионалната етика и унапредувањето на медиумскиот амбиент во интерес и на јавноста, и на новинарите.
 
https://www.youtube.com/watch?v=77V7lsAYtfA