ТЕРА

REKLAMA???

Пак куќа се спои со асфалтот во Битола

Старите објекти низ битола и натаму се закана. Уште една куќа се урна. Оваа дури до периодот пред пантемијата со корона била и куќа во која живееле семејство. Се работи за објектот бр. 138 на улица Охридска.

Навален ѕид кој претставуваше секојдневна закана за минувачите, најчесто децата кои се упатуваат кон основното училиште„ Трифун Пановски“ се урна вчера.  Се работи за објект кој, според соседите „припаѓа на Државата “, лоциран е на улицата Охридска бр 138.

Жителите кои живеат во близина на сега урнатиот објект на улица „Охридска“ алармирале за секојдневна опасност која демне од  куќата во која до пред панедмијата со корона живеело семејство со деца.   Претпоставуваат дека дел од објектот бил заштитен како културно наследтсво , но, работата останала недовршена, затоа што пријавувањето на опасноста не водело до брза интервенција од институциите а граѓаните остабнале во постојан страв за сопствената безбедност.

Вчера утрото на објектот му дојде денот да се спои со коловозот. Камења од старата градба почнале да паѓаат директно на асфалтот. Соседите пријавиле в полиција, а екипи на Нискоградба интервенирале со механизација за да се расчистат камењата, тулите и наносот со кал од коловозот и да се отвори улицата за да може сообраќјот непречено да се одвива.

Овој дел од Охридска улица е фреквентен и за автомобили и за пешаци. Најголемиот страв кај минувачите и родителите на децата кои секојдневно одат во училиштето се дека и последниот дел од навалниот ѕид же се спои со асфалтот.

Од надлежните органи жителите на овој дел од Охридска бараат брзо лоцирање на сопственоста и целосно расчистување на теренот, „за да не биде змијарник“ од каде ќе се развлекува кал во дождливото време, или ќе се развива коров во пролетните и летни месеци, кога или глувци или змии ќе го населат просторот.  Или, од општината бараат трајно обезбедување на објектот за да се спречи трагедија.