ТЕРА

REKLAMA???

Дали Битола ќе добие македонско американски парк на пријателството

Познатиот локалитет кај „Авионите“ во Битола наскоро би можел да прерасне во модерен „Македонско-американски парк на пријателството“. Иницијативата за овој проект беше официјално предложена од страна на советничката од СДСМ во Советот на Општина Битола, Софија Ристевска-Петрушевска, а советниците дадоа зелено светло за реализација на истата.

Како што појасни советничката, идејата за вакво парковско уредување е инспирирана од младиот активист Јане Велкоски, кој ја дал првичната замисла за трансформација на овој простор.

Проектот има за цел целосно да го ревитализира и модернизира просторот кај „Авионите“.
Се предлага и комплетно хортикултурно уредување на површината и поставување на современа урбана опрема.

„Овој парк ќе биде нов туристички и рекреативен простор и ќе испрати позитивна порака за меѓународна соработка и пријателство“, изјави советничката Ристевска-Петрушевска.

Зад иницијативата стои визијата Битола да добие уште едно привлечно катче, како за локалното население, така и за туристите.