Се бара место повеќе за бесплатно паркирање во Битола. Ваква е сликата во центарот на градот бидејќи се поголем број возачи бараат слободно место во споредните улици каде нема означени паркинг места, односно не се наплаќа за паркирање. Од она што нашата екипа го регистираше денеска на терен може да се види дека речиси во сите делови на централното градско подрачје во споредните улици тротоарите се зафаќаат од паркирани возила. Тоа е случај со споредните улици во близина на старата битолска чаршија, зад градската библиотека, кај населбата Стара Болница, како и на улиците Ениџе Вардар и Кочо Палигора, вклучително и населбата Карпош.
Во Битола имад 28.000 патнички автомобили.
На почетокот на месецот паркирањето во Битола поскапи за 30%.
Еве каква беше денес атмосферата во центарот на градот





























